Dr. Viton - Omega 3
Д-р Витон Омега-3 капсулите содржат полизаситени омега 3 есенцијални масни киселини и тоа: еикозапентанонска (EPA) и докозахексаеноична киселина (DHA), кои човечкото тело не може само да ги синтетизира, туку потребно е да се внесат преку храната или како додаток. Потребната дневна доза е 250 mg EPA и DHA.
Есенцијалните масни киселини, играат важна улога во организмот, бидејќи тие сe градбени единки на хормоните (простагландини, леукотриени, тромбоксан и други) но, исто така се и есенцијални компоненти на клеточните мембрани. Омега 3 масните киселини делуваат антивоспалително, го регулираат нивото на холестеролот и триглицеридите, преку воспоставување на рамнотежа помеѓу добриот и лошиот холестерол. На овој начин, се заштитува срцето и крвните садови и се намалува ризикот од хипертензија. Исто така, е потврдено дека ја спречуваат појавата и развојот на артериосклерозата (стеснување на крвните садови поради акумулација на масти во ѕидовите на крвните садови).
Омега 3 масните киселини имаат ја подобруваат работата на мозокот, ја зачувуваат меморијата, и ја спречуваат депресијата. Бројни студии покажаа дека омега-3 масните киселини (особено ЕПА и типот DHA) штитат од деменција и Алцхајмерова болест, и помагаат во зачувување на когнитивните функции и во староста. Бројни студии покажуваат дека со помош на омега 3 масни киселини се намалува ризикот од депресија.
Воведувањето на соодветна количина на омега 3 масни киселини поволно делува и кај ревматските заболувања, особено ревматоиден артритис. Докажано е дека при употребата на омега 3 како додаток во исхраната се намалуваат воспалителните процеси во зглобовите, се намалува на утринската вкочанетост во зглобовите и се намалуваат болките во коските. Долготрајната употреба на омега 3 ги намалува количестават на витамин Е во организмот, па затоа е потребно да се внимава на нивоата на овој витамин за да може да се надополни недостатокот преку соодветни додатоци. Токму поради овие појави ние создадовме формула која претставува Омега 3 збогатена со витамин Е и витамин Д3, при што се добива баланс во организмот и не доаѓа до намалување на нивоата на овие витамини и нарушување на хармонијата во организмот. Др. Витон Омега во својот состав содржи витамин Е и витамин Д што претставува комплетен додаток во исхраната кој ја одржува хармонијата во организмот и ги доведува нивоата во нормала.
Витамини Д3 и Е се липосолубилни витамини, што значи дека се раствораат во масти. Недостатокот на овие витамини се јавува при неадекватна исхрана или пак при болести на дигестивниот систем, црниот дроб и бубрезите, и затоа станува нужно да се направи надомест со ссоодветни додатоци во исхраната. Витаминот Д е од суштинско значење за развојот на коските кај децата, но и за зачувување на структурата и функцијата на мускулно-скелетниот систем кај возрасните. Тој делува преветивно кај остеопороза, бидејќи ја помага апсорпцијата на калциум во организмот. Витаминот Е е еден од најважните антиоксиданси кои ги штитат клетките од негативните влијанија на слободните радикали како што се стареењето и оштетувањето на клетките, и на тој начин го штити организмот од појава на разни болести особено кардиоваскуларните и малигните заболувања.
Две нови големи студии кај постарата популација, покажуваат дека со внесувањето на витамин Е се намалува ризикот од појава на деменција, додека со внесувањето на витаминот Д се намалува ризикот од намалување на когнитивните функции во мозокот. Мозокот е местото во организмот каде што се одвиваат најважните метаболички активност и затоа е место каде што настануваат големи оксидативни оштетувања. Акумулацијата на такви оштетувања во текот на животот може да придонесе за развој на деменција и други мозочни заболувања. Витаминот Е е моќен антиоксиданс кој може значително да го намали ризикот од деменција и Алцхајмеровата болест.
Од друга страна, недостатокот на витамин Д може да го забрза намалувањето на когнитивните функции. Во оваа студија, констатирано е дека испитаниците со доволна концентрација на витамин Д во организмот покажале подобар капацитет за сложено размислување како што е планирање, организирање и извршување на сложени на мозочни функции, како и подобро помнење на податоци и настани.
Заклучокот е дека д-р Витон Омега 3 + 12 mg витамин Е + 10mcg витамин Д3 е комплетна формула која ја подобрува општата состојба на организмот, го зголемува имунитетот, го регулира на нивото на масти во крвта, го регулира крвениот притисок, особено при случаи со висок притисок, го намалува ризикот од артериосклероза, и го чува срцето и крвните садови. Поволно влијае на нервниот систем, ја намалува депресијата, ги ублажува ревматските заболувања и болките во коските и мускулите, делува како превенција против остеопороза, штити од деменција и придонесува за зачувување на когнитивните функции, особено помнењето. Производот не се препорачува кај пациенти кои имаат хемофилија како и кај пациентите кои се на терапија антикоагулациска терапија поради синергетско делување можноста за појава на крвавење.